| четврток, 6 декември 2018 |

Маркез тргнува по титулата уште на трката во Јапонија

mark markez

Со победата на трката во Арагон, Марк Маркез ја зголеми рпедноста во генералниот поредок пред второпласираниот Валентино Роси на 52 бодови. Постои веројатност возачот на Репсол Хонда да ја освои својата трета шампионска титула во кралската класа на мотоциклизмот на наредната трка во Јапонија нешто за кое тој вели дека би било како да ја освои државната лотарија.

– Најважно е да се освои титулата во оваа сезона, без оглед на сè. Ако сакате да бидете шампион, мора да го чекате вистинскиот момент. Да не победев во Арагон, викендот немаше да заврши добро. Мораме да ја одржиме истата ментална состојба. Преостанатите трки се возат на патеки со сув асфалт што е добро за мене. Не верувам дека ќе ја освојам титулата во Јапонија, ако успеам во тоа, исто би било како да сум ја освоил државната лотарија – вели Шпанецот.

За да ја освои својата трета титула уште во Јапонија, на Маркез му се потребни 76 бодови предност пред Роси кои би ги остварил доколку победи, а Роси не освои ниту еден бод односно да не заврши во првите 15.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top