| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер зборува за Ѓоковиќ и иднината

Barclays ATP World Tour Finals - Day Eight

Носителот на рекордните 17 титули од Гренд Слем, Роџер Федерер, беше категоричен дека Новак Ѓоковиќ ќе биде тежок ривал и во 2016 година.
– Тешко е да играш со оваа брзина, изјави 34 годишниот Федерер, по повод претставувањето на светскиот број 1. Кога нема да ги искористиш брејк поените против Новак, тој го прави тоа. Тоа го менува целиот исход на мечот. Невозможно е секогаш да бидеш од победничката страна. Границите на врвот се многу тенки – објасни маестрото од Базел.

– Токму тоа е причината целата година на Новак да биде фантастична. Рафа влегува во таа сметка, јас исто така. И двајцата знаеме колку е тешко да повториш сезона како оваа, толку силна – продолжи Федерер.

Во 2015 година Ѓоковиќ освои 11 титули, три од нив се од Гренд Слем, а шест од сериите „Мастерс 1000“. Федерер пак освои 6 трофеја во сезоната. Според Швајцарецот сепак за Новак ќе биде вистински предизвик да го повтори настапот и следната 2016-та.

– Ова не е првата силна година на Новак. Јасно е дека во новата сезона тој ќе има самодоверба. Неговата игра е фантастична и ќе биде тешко да направи слаба сезона, барем не со ваква игра. Сепак кога си толку силен, многу е тешко. Невозможно е да повториш такво нешто, слична сезона. Ќе му биде потребен страшно многу напор. Треба да си во одлична физичка форма и без повреди. Треба постојано да си на врвот на психолошката издржливост. Не е толку лесно како што понекогаш се чини – коментира Федерер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top