| четврток, 6 декември 2018 |

Тајсон Фјури: Допингот треба да се легализира

00577706

Претендентот за светската титула во тешка категорија, Тајсон Фјури, изјави дека боксот има сериозен проблем со допингот и дека единствениот начин за борба со забранетите супстанци е нивната легализација во сите спортови.
Фјури излегува на рингот против светскиот шампион во бокс за професионалци во тешка категорија на четири федерации, Украинецот Владимир Кличко, на 28 ноември во Дизелдорф.
– Со еден поглед можам да проценам кога еден спортист е допингуван. Боксот има голем проблем со допингот. Зошто не го легализираат допингот во спортот? Тогаш сѐ би било фер. Не можете да ми кажете дека овие спортисти не земаат допинг, кога нивните тела изгледаат како на грчки богови. Може да тренираш сто години и телото никогаш нема да ти изгледа така, освен ако не земаш забранети супстанции – рече Тајсон Фјури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top