| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал во Словенија: Поради навивачки транспарент на Марибор му се заканува жестока казна

Навивачите на Марибор по се изгледа му направија голем проблем на нивниот клуб.

скандал

Фановите на словенечкиот клуб  собрани во групата „Виола“ за време на дербито со Олимпија во Љубљана истакнале транспарент со следна содржина:„Најважната работа која можете да ни ја земете е нашата нација. Ако е се бориме ќе ја загубиме засекогаш. Стоп за мигрантите“.

Пораката е јасна.

На се тоа, имале и знаме со келтски крст.

УЕФА сигурно ќе реагира и ќе го казни Марибор, тука нема дилема. Не само поради пораката туку и поради келтскиот крст, кој во „европската куќа на фудбалот“ се третира како фашистички симбол.

фото

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top