Комерцијалните омекнувачи за алишта може да предизвикаат алергии и со оглед на тоа што содржат голем број хемикалии, може да бидат штетни по здравјето, затоа направете сами домашен омекнувач за алишта.
Состојки:
100 грама сода бикарбона
1, 5 до 2 дл топла вода
800 мл алкохолен или јаболков оцет
Етерично масло (по желба) околу 20-тина капки
Постапка:
Земете поголем пластичен сад од три до пет литри (поради тоа што состојките прават пена). Во садот измешајте ги водата, оцетот и содата. Бидете подготвени на хемиската реакција на овие состојки, ќе се направи многу пена.
Кога ќе се смири течноста, ставете ја во стаклен сад, што во иднина ќе ви служи само за омекнувач.
Додадјте неколку капки етерично масло по желба, затворете го садот и добро протресете го.
Дополнителен совет:
Пред секоја употреба добро протресете го природниот омекнувач. Користете најмногу до четири лажици од смесата на секое перење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.