| четврток, 6 декември 2018 |

Нов портал во македонскиот веб-простор

Од денеска на новата македонска веб-страница „Направи сам“, ќе може да се најдат детални информации
за направи сам проекти во повеќе категории:

– Дом и градина
– Декорација
– Забава
– Мода и убавина
– Рецепти

Овој портал е создаден со цел креативните луѓе на едно место да најдат идеи и инспирации за свои DIY – направи сам проекти односно преку детални инструкции, туторијали и видеа да го разубавават нивниот дом и градина, да направат неверојатни и уникатни роденденски забави или свадби, совети како да ги искористат старите алишта, да направат уникатен накит или домашни маски за лице и коса или како да ги израдуваат најблиските со вкусен и едноставно подготовен рецепт за појадок, ручек или вечера, свеж пијалок и разни трикови и совети кои ќе им помогнат во чистење и одржување на кујната и домот.

logo_header_napravisam.mk_tagline_BIG

Слоганот на Направи сам е: Наша инспирација – Ваша креација

  • Наша задача е да даваме идеи и да ги инспирираме корисниците како да ги искористат и рециклираат старите предмети во домот за да си направат корисни работи а воедно и да ја зачуваат и подобрат животната средина – велат креаторите на новиот портал.

Посетете ја новата веб страница „Направи сам“ и нивната фан-стра на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top