| четврток, 6 декември 2018 |

Украсете ја елката со рачноизработени лампиони

 

Во минатото украсите и лампионите за новогодишната елка биле изработувани од стакло, со минимален, елегантен декор. Денеска лампионите се достапни во најразлични стилови, форми и материјали, што ни овозможува персонализација на декорот на новогодишното дрво.
1. Разбудете ја елката со креативни лампиони што ќе асоцираат на нешто што го сакате или, пак, на нив е испишано нечие име. Започнете со обичен лампион и развијте оригинален дизајн со малку боја, украсна хартија, ленти или платно. Во прилог следува галерија на лампиони украсени со различни техники и материјали.

lampioni-11
2. Наполнете проѕирен лампион со пом-пом топчиња. Топчињата може да бидат во златна, сребрена, бела или други бои што ќе одговараат со вашата декорација.

lampioni-1
3. Доколку имате лампион што не ви се допаѓа или не се совпаѓа со вашиот стил, покријте го со леплива лента во повеќе бои, парчиња платно или декоративна хартија.

lampioni-12
4. Обложете го лампионот со неколку украсни ленти, а потоа протнете една лента во горниот отвор на лампионот, за да можете да го закачите на елката. За поелегантен изглед, заврзете панделка и залепете ја на врвот.

lampioni-13
5. Обојте ги проѕирните лампиони во бои што вам ви се допаѓаат. Помешајте две или повеќе бои со метален сјај во вода за да постигнете мермерен ефект. Бидејќи бојата ќе исплива на површината, лесно ќе ги обоите орнаментите со нивно потопување. За „омбре“ ефект, повторете ја истата постапка, но овој пат со една боја. Неколку прскања со светкав спреј директно во внатрешноста на лампионот ќе создадат волшебен ефект. За дополнителен сјај, може да експериментирате со додавање светки во прав врз сè уште влажниот спреј.

lampioni-5
6. Исполнете го лампионот со предмети што ви будат убави спомени или ве асоцираат на зимските празници, како школки, скриени пораки и гранчиња од елка.

lampioni-4
7. Зимата е период кога сите трагаме по топлина и по удобност. Со обложување на дел од лампионите со мека волница го пренесувате топлото чувство и во декорот на елката. За да остане материјалот фиксен, премачкајте го орнаментот со малку лепило.

lampioni-3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top