Доколку по секоја цена сакате да ги избегнете алиминиумските соединенија (како алуминиум хлорид или алуминиум хидрохлорид) кои се наоѓаат во антиперспирантите, а често и во дезодорансите, можете да пробате сами да подготвите смеса која помага во уништувањето на непријатните мириси и во одредена мера ја апсорбира потта.
Потребни ви се следниве состојки:
– 50 грама кокосово масло
– 50 грама сода бикарбона
– 40 грама шиа путер
– две лажици пченкарно брашно
– етерично масло
Подготовка:
На пареа растопете го шиа путерот и кокосовото масло, и потоа тргнете го настрана и во смесата додадете ги содата бикарбона и пченкарното брашно.
Додадете етерично масло по избор (лаванда, нане, чајно дрво).
Подготвената смета префрлета ја во стаклен сад со поклопец и оставете ја да се олади.
По потреба земете мала количина од смесата и нанесете ја на чистата кожа под пазувите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.