| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на хрватскиот уметник Владо Мартек во Чифте амам

На 24 ноември (вторник), во 20 часот, во Националната галерија на Македонија – објект „Чифте амам“ – ќе биде отворена изложба на Владо Мартек.

Делата на хрватскиот уметник Мартек се наоѓаат во музеи, галерии и приватни збирки, меѓу кои: МоМа, Њујорк; Лудвиг музеј, Виена; Модерна галерија, Љубљана; МСУ, Загреб; во збирката на Рене Блок, Берлин, Збирката на Ерсте банка, Виена, три дела од фазата на концептуалистичката практика се наоѓаат во збирката на Музејот Помпиду во Париз… Живее и работи во Загреб и Ровињ.

Проектот е од ретроспективен карактер и ја искажува слоевитата поетика на авторот, нејзината севкупност, или уметничкиот случај на Мартек, кој опфаќа епизоди со поезија, сликарство, скулптура, акционизам, публикации од типот самиздат, како и авторски книги, оут принт во вид на летоци, агитации, разгледници, како и инсталации, амбиенти, колажи и асамблажи.

На изложбата ќе бидат прикажани околу стотина дела, дела од седумдесеттите, осумдесеттите… сѐ до оваа деценија со група рецентни творби реализирани во повеќе медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top