| четврток, 6 декември 2018 |

Со чај и млеко прочистете го организмот и ослабнете за еден ден

zeleni_caj

Оваа диета е најпопуларна меѓу оние луѓе што сакаат набрзина да се ослободат од вишокот килограми и потоа да ја одржуваат тежината.

Пијалакот од млеко и чај е вкусен пијалак кој не создава чувство на глад и помага да се прочисти организмот од отрови и штетни материи. За еден ден диета со зелен чај и млеко можете да загубите околу 2 килограми, односно да го исфрлите вишокот на течности од организмот. Диетата не се препорачува да се држи повеќе од два пати месечно. Оваа диета не е за вас доколку имате алергија на млеко, болести на бубрезите и жолчната кеса или низок притисок. Ако имате некое хронично заболување, консултирајте се со вашиот доктор.

За диетата со зелен чај и млеко ви е потребно 1,5 литар млеко со ниска масленост и 2 лажици квалитетен зелен чај. Најдобро е зелениот чај да го набавите од специјализирана продавница или од продавница за здрава храна. Не користете чај во филтер кесички бидејќи нема да имате никаков ефект.

Сварете го млекото и оставете го да се олади до околу 70 степени (значи треба да биде врело, не топло) и додајте ги двете лажици зелен чај. Поклопете и оставете да отстои дваесетина минути, потоа процедете и пијте во текот на денот по една шолја на секои два часа. Во меѓувреме пијте негазирана вода. Треба да испиете најмалку 2 литри вода во текот на денот, задолжително, бидејќи пијалакот од млеко и зелен чај е силен диуретик, а водата ја контролира рамнотежата во организмот.

Можеби ви изгледа премногу ригорозно но нема да почувствувате глад, бидејќи пијалакот од млеко и чај го ослободува организмот од чувство на глад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top