Британските медиуми пренесуваат дека актерката Ким Катрал (59) морала да се повлече од драмскиот проект во Лондон само неколку дена пред премиерата. Катрал, ѕвездата од сериите и филмовите „Сексот и градот“ која го толкуваше ликот на Саманта требало да ја игра главната улога во представата „Линда“, средовечна жена која има амбициозен план да го спаси светот.
– На голема жалост ве известувам дека, по совет од лекарот, нема да можам да настапам на овој проект. Благодарна сум на театарот за разбирањето за мојата тешка здравствена ситуација – соопшти актерката родена во Ливерпул.
На сите ни е жал што Ким нема да може да продолжи да биде дел од претставата, соопшти директорката на театарот „Ројал корт“, Вики Федерстон.
Лондонските медиуми пренесуваат дека не е познато со кои здравствени проблеми се бори Катрал, но се шпекулира дека се работи за многу сериозна болест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.