| четврток, 6 декември 2018 |

Саманта од „Сексот и градот“ е тешко болна

"Meet Monica Velour" New York Premiere

Британските медиуми пренесуваат дека актерката Ким Катрал (59) морала да се повлече од драмскиот проект во Лондон само неколку дена пред премиерата. Катрал, ѕвездата од сериите и филмовите „Сексот и градот“ која го толкуваше ликот на Саманта требало да ја игра главната улога во представата „Линда“, средовечна жена која има амбициозен план да го спаси светот. ­

– На голема жалост ве известувам дека, по совет од лекарот, нема да можам да настапам на овој проект. Благодарна сум на театарот за разбирањето за мојата тешка здравствена ситуација – соопшти актерката родена во Ливерпул. ­

На сите ни е жал што Ким нема да може да продолжи да биде дел од претставата, соопшти директорката на театарот „Ројал корт“, Вики Федерстон.

Лондонските медиуми пренесуваат дека не е познато со кои здравствени проблеми се бори Катрал, но се шпекулира дека се работи за многу сериозна болест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top