| четврток, 6 декември 2018 |

Селекторот Симовски подготовките ќе ги започне со 20 ракометарки

sime simevski

Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија Симе Симовски, го објави списокот на 20 репрезентативки на кои ќе смета на подготовките за квалификациите за Европското првенство 2016 година во Полска.
На списокот на Симовски за овие квалификациски натпревари се најдоа следните ракометарки:

ГОЛМАНИ: Наташа Антиќ (ЖРК Металург), Драгана Петковска (РК Вардар), Матеа Серафимова (ЖРК Металург), Нина Ладева (РК Вардар).
КРИЛА: Јована Саздовска (ЖРК Металург), Сара Митова (РК Вардар), Наташа Нолевска (РК Вардар), Сара Ристовска (РК Вардар).
БЕКОВИ: Дајана Јовановска (ЖРК Металург), Теодора Керамичиева (РК Вардар), Ангела Тодоровска (РК Вардар), Андреа Белеска (ЖРК Металург), Елена Ливриниќ (ЖРК Металург), Симона Стојановска (РК Вардар), Зорица Десподовска (Розенгартен, Германија), Елене Георгиевска (Баја Маре, Романија), Ивана Саздовски (Бенсхајм, Германија), Габриела Величковска (ЖРК Металург).
ПИКЕРИ: Марија Николиќ (ЖРК Металург), Ивана Гаикидова (Баник Мост, Чешка).

Првиот собир ќе се одржи во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во понеделник (23 ноември) од 17:00 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top