На 24-ти ноември (вторник), во 20.00 часот, во Националната галерија на Македонија – објект „Чифте амам“ ќе биде отворена изложба на Владо Мартек.
Владо Мартек е поет и концептуалист, сликар, есеист,роден во Загреб, 1951 година. Дипломирал книжевност и филозофија на Ф.Ф. во Загреб 1976. Во почетокот се занимавал со визуелна и конкретна поезија (насловена: предпоезија); од средината на седумдесеттите – со концептуализам, акционизам (со Групата на шестмина автори – Grupa šestorice autora), со уметнички книги, и aут принт (22 самиздати, летоци, плакати, разгледници). Од почетокот на осумдесеттите се занимава со сликарство, скулптура, графика, ленд арт.
Пишува поезија, текстови и критики за ликовни практики. Објавил единаесет книги – од збирки поезија, збирки текстови и инсценирани фотографии, до книги есеи за современата уметност и две коавторски изданија на графички мапи.
Делата на Мартек се наоѓаат во музеи, галерии и приватни збирки, меѓу кои: МоМа, Њујорк; Лудвиг музеј, Виена; Модерна галерија, Љубљана; МСУ, Загреб; во збирката на Рене Блок, Берлин, Збирката на Ерсте банка, Виена, три дела од фазата на концептуалистичката практика се наоѓаат во збирката на Музејот Помпиду во Париз… Живее и работи во Загреб и Ровињ.
На изложбата ќе бидат прикажани околу стотина дела.дела од седумдесеттите, осумдесеттите …се до оваа деценија со група рецентни творби реализирани во повеќе медиуми.
Куратор на проектот е Викторија Васева.
Изложбата ќе биде поставена до 8-ми декември 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.