Професорот на Правниот факултет, Љубомир Фрчкоски, жесток критичар на владата на Никола Груевски со нова теза дека „глупите европјани“ не сфатиле дека ја финансираат „меката диктатура на Груевски“.
Фрчкоски во колумната за порталот „Либертас“, редејќи ги „автократските“ режими на Балканот, меѓу кои и Македонија, вели дека „она што пропуштаат (ЕУ, нов заб.) да го видат дека постои во овие држави (и на која самите придонеле со својата глупост) е ДВОЈНАТА РЕАЛНОСТ која диктатурите ја создале.
Поранешниот министер во владите на Црвенковки и претседателски кандидат, понатаму, во критиката кон ЕУ, продолжува:
„Ново во технологија со која ја инстутиционализираат диктатурата е мекиот, послушнички однос со ЕУ и политичките ограноци на европските партии. Не им се спротивставуваат туку молчешкум, климајќи, добиваат време и советници (како во Џемс Бонд филмовите – license to kill), добиваат програми и пари за нивните „стратешки одлуки“ за приклучување кон ЕУ и (НАТО). Овие диктатори ја откриле слабата точка, фамозната Г-точка на Европјаните, кои како САД на блискиот исток кога подржуваа диктатори (па не знаеја како да се однесуваат со Арапската пролет) – на Балканот претпочитаат СТАБИЛНОСТ во однос на човековите права и владеењето на правото. Критериумот за „доволно демократија“ во Македонија, на пример, за европјаните е: коалиција во власта на македонска и албанска партија, избори без убиства и крв, некој збор конструктивност за спорот за името и празна продукција на закони со ЕУ-знаменце. Толку. Ниту човекови права, ниту слобода на медиуми, ниту кражба на избори и узурпација на власт за избори, ниту автономија на универзитет, ниту бизнис услови – суштествено не ги интересира (освен што ставаат забелешки на кои не инсистираат и кои не се критериуми). Замижуваат и оставаат оперативно власта да ги уназадува овие делови до ниво на јасна диктатура. При тоа власта инсталира способности, механизам, страв и пари способни на подолг рок да се развијат во целосен авторитарен систем – кој воопшто не е лесно да се сруши на било кои следни избори.“
Фрчкоски се подготвува да издаде и водич под наслов: „Како да се направи балканска диктатура со европски пари“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.