| четврток, 6 декември 2018 |

Во библиотеката „Другарче“ 41. меѓународна изложба „13 Ноември“

Во библиотеката „Другарче“ денеска ќе биде отворена традиционалната 41. меѓународна ликовна изложба „13 Ноември“. Покровители се Градот Скопје, Детскиот ликовен центар и Здружението на ликовни педагози.

Од пристигнатите над 3.000 творби изложени ќе бидат најуспешните 250 од кои 130 ќе бидат наградени со дипломи и признанија.

Наградите за младите уметници од странство и благодарниците од претставникот на град Скопје и Детскиот ликовен центар ќе ги примат советниците за култура од амбасадите на Бугарија, Хрватска, Србија, БиХ, Црна Гора и Словачка.

Доделени ќе бидат и награди и признанија за младите уметници од Македонија на возраст од 5 до 18 години, од предучилишните установи, основните и средните училишта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top