| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадисти и нивните семејства бегаат од реонот на Рака кон Мосул

Групи од џихадисти и нивните семејства, почнале да бегаат од реонот на градот Рака во источна Сирија, понатаму кон исток, во правец на ирачкиот град Мосул, кој веќе година и половина е силно упориште на припадниците на Исламска држава (ИД), јавува сириската, антивладина Опсерваторија за човекови права, во Лондон.

џихад2

Тврдењето за бегство на џихадисти и на припадници на нивните семејства, од сириската територија, доаѓа по неколкудневните интензивни бомбардирања врз позициите на џихадистите во реонот на градот Рака, од страна на француските и руските борбени авиони.

Франција значително ги интензивира воздушните напади во овој дел на сириската територија, по терористичките напади во Париз, во петокот, во кои беа убиени 129 лица и по објавувањето дека земјата е „во војна против тероризмот“ на ИД.

Се верува дека Рака е центарот на џихадистите на ИД, каде се наоѓа седиштето на нивната команда, каде се планираат нивните терористички акции и каде се претпоставува дека се извршени сите досегашни егзекуции на претходно киднапираните странци, немуслимани и шиити и припадници на други несунитски верски групи.

Обсерваторијата во Лондон тврди дека само од неделата до денеска, биле убиени 33 исламистички милитатнти.

Арапската, сунитска агенција Амак, за која се вели дека е блиско поврзана со џихадстите на ИД, меѓутоа, ги отфрла како „неточни и невистинити„ тврдењета на сириската опсерваторија.

Според Амак „француските авиони напаѓаат и уништуваат само празни локации„ а дека во овие напади немало човечки жртви кај џихадистите.
Патувањето на припадниците на ИД и нивните семејства кон Мосул сега е значително отежнато, откако курдските борци го освоија стартешки важниот град Синџар и ја исчистија од џихадистите неговата околина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top