| четврток, 6 декември 2018 |

Во Франција викендов ќе продолжат фудбалските натпревари без гостински навивачи

Францускиот фудбалски шампионат ќе продолжи престојниот викенд и покрај познатите случувања во Париз по терористичките напади минатиот петок. Раководството на Лига 1 и Министерството за спорт на Франција, ја разгледаа целата ситуација и одлучија, сепак, овој викенд да се игра фудбал ширум фудбалските терени, со напомена дека ќе има забрана за гостински навивачи на трибините.
Ваквата одлука е донесена во корелација со Министерството за внатрешни работи поради засилената активност на полицијата за пронаоѓање терористички ќелии. Од тие причини, клубовите на гостувањата одреден период нема да можат да бидат бодрени од своите обожаватели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top