| четврток, 6 декември 2018 |

Антидржавното дејствување на СДСМ доведе до конференција за федерализација

фрцко-520x279
СДСМ, неговиот лидер Зоран Заев и најекспонираните опозициски експоненти Љубомир Фрчкоски и Бранко Героски, изминатив период подготвуваа терен за отворање на темата за федерализација на државата. Ваквото антидржавно однесување донесе одржување на конференција на која ќе се побара втор рамковен договор и федерализација на Македонија.
zaev alb znmame
По објавувањето на информациите дека декемвриската конференција ќе донесе барање за федерализација преку нов рамковен договор и официјализирање на албанскиот јазик на цела територија, како и поништуванње на квотата за 20 проценти преку издигнување на албанската заедница над сите други, станува јасно зошто беа изјавите на Заев за нов рамковен договор и негово рекомпонирање.

Опозицискиот лидер Зоран Заев на една косовска телевизија отворено побара рекомпонирање на рамковниот договор и официјализирање на двојазичност по сите основи.

-Јас се плашам затоа што многу граѓани сѐ уште зборуваат за Охридскиот Рамковен договор, ние мора да зборуваме за нашите заеднички проблеми, да одиме понатаму од Охридскиот договор, затоа што сега е време и сме подготвени да бидеме еднакви и да зборуваме за заеднички цели, затоа што тоа ќе се исполни како политичко барање на албанската заедница, истакна Заев.

zaev kumanovo

Во истото интервју на косовската телевизија Заев изнесе и тврдење дека мултикултурализмот треба да се внесе во преговорите за името и дека треба задолжително да се изучува албанскиот јазик уште од градинките.

-Зошто ќерка ми на пример да учи турски? Ќе учи албански? За да го користи, ние сме заедно во ова општество.  Вклучување во секојдневните активности, не само во јавната администрација. Сите мора да имаат еднакви и фер шанси во иднина. Нашите црвени линии се да не дозволиме да ни ги допрат нашите особености како нација, држава, заедно со нашата посебност во однос на културата, мултиетничките разлики, рече Заев.

Љубомир Фрчкоски, поранешен кандидат за претседател на Република Македонија од СДСМ и еден од неформалните советници на Зоран Заев, пред неодамна во едно интервју во јавноста уште еднаш ја актуелизираше неговата идеја за ротирачки премиер при што по правило на неколку години треба да се избира Албанец премиер.

– Kонцептот да се составува влада од една поголема коалиција и да има ротирачки премиер. Што значи ротирачки премиер? Тоа значи  Албанец  би дошол на премиерското место циклусно за две години, истакна Фрчкоски.

Еден од главните експоненти на СДСМ и опозициски сратег Бранко Героски кој е отворен подржувач на опозициските политики, во колумната насловена „Ајде да разговараме за федерализација, зошто да не“, соопштува дека треба отворено да се разговара за федерализација на Македонија, заговарајќи дека тоа е концепт кој има изворна енергија и треба да се спроведе.

– Oдржливоста на идната федерација е важно прашање за кое мораме да разговараме, спомнувајчи во колумната кантонални влади, посебни сенати, полиции, судии, факултети, создавање на локално македонско албански парламенти и слично, пишуваше Героски во својата колумна.

selfi-zaev500

Тој во колумната, целосно ставајќи се на страната на радикалните албански елементи, тврдеше дека потребно е отворање на Охридскиот рамковен договор и негово проширување со нови права за Албанците.

-Имено, тврдам дека прашањето за обликот на уредувањето на заедничката држава не е целосно исцрпено со Охридскиот договор и со Уставот и дека сосема е можно во периодот што претстои идеите за федерално уредување да се наметнат како многу сериозен предизвик за сите. Знам дека ова звучи без малку како ерес, но тоа е поради погрешното мислење дека Охридскиот договор одлучно и темелно го затвора тоа крупно прашање, кое беше актуелно во првата деценија од македонската самостојност и поради кое во почетокот на втората деценија се водеше неколкумесечна валкана војна, пишува Героски.

Героски предлага да се разговара и за збогатување на обемот на јазичните права на Албанците и дека е неопходна и билингвална федерализација. Тој во колумната пишува и дека треба да се разговара и за одржливоста на концепот на федерација.

Да формираме кантони или покраини, да избираме локални парламенти, сенати и влади, да наметнеме различни прописи и правила на игра во федералните единици, да имаме посебни полиции, судови, факултети, болници, државни телевизии и што ли уште не, да најдеме мунасип како да ги делиме рудните богатства, струјата, водите и другите ресурси, а да речеме – ние само за парламенти и за влади ќе се секираме, сето друго Скопје ќе го плати!, пишува Героски.

Тој додава дека се чини поизводлива идејата за федерализација на Македонија како земја на Македонците и Албанците.

Идејата на истакнатите опозиционери Героски и Фрчкоски и изјавите на Заев подготвувале терен конференција за федерализација. Героски отварал врата на ова што следи, додека Заев и Фрчкоски праќале сигнали на тема албански јазик и Албанец премиер заради конференцијата за федерализација планирана за декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top