Во тек е Конкурсот за откуп на публикации (први изданија), мерка на Министерството за култура чија цел е стимулирање и развој на издавачката дејност во Република Македонија, како и збогатување на библиотечниот фонд со публикации од областа на културата и уметноста, соопштија од Министерството.
Со оваа активност, која е во согласност со Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 година, Министерството за култура ќе изврши откуп на публикации во печатена и во електронска форма од областа на културата и уметноста, првпат издадени во Република Македонија во 2014 и во 2015 година.
На Конкурсот, кој е отворен до 14.12.2015 година, може да учествуваат: правни лица-издавачи од Република Македонија кои ја издале понудената публикација; автори-издавачи на сопствени дела (публикации); автори кои ќе приложат писмено известување од издавачот дека им е отстапен дел од тиражот како надомест за авторски труд. Министерството за култура при разгледување на понудените публикации за откуп ќе даде приоритет на: оригинални дела со културно-уметничка содржина од автори од Република Македонија пишувани на македонски јазик и на јазиците на заедниците; публикации наменети за деца и млади; публикации наменети за лицата со посебни потреби. Ќе се откупуваат само публикации кои се издадени во наведениот период, односно во 2014 и 2015 година, и кои претходно не биле откупени или финансирани од Министерството за култура. Од понудените печатени публикации ќе се откупуваат најмногу до 100 примероци, а од електронските изданија најмногу до 30 примероци. За учество на Конкурсот се пополнува пријава која може да се преземе од веб- локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Васо Ристов е „момче за се“ во културата: Можно ли е четири високи функции да обавува истовремено?
-
Министерството за култура ќе распише нови огласи за поништените седум конкурси за директори
-
Новиот закон за култура ќе има контрола врз темите, идеите и пораките што ги праќаат творбите и филмовите
-
Министерот за култура Асаф Адеми не го гледал филмот на Бојаџи, но според “трилерот” проценил дека е навредлив за Албанците