Агентите на ФБИ не пронајдоа експлозивна направа во авионот на „Ер Франс, кој сообраќаше на летот од Лос Анџелес до Париз.
Синоќа два лета на „Ер Франс“ од САД за Париз беа откажани, односно пренасочени и тие по полетувањето слетаа, едниот на територијата на САД, другиот во Канада. Маршурите им беа променети поради анонимни дојави за бомби во двете летала.
Авионот „eрбас А380“, полетал од Лос Анџелес, слетал во Солт Лејк Сити, во сојузната држава Јута, каде патниците и екипажот биле симнати од леталото и префрлени на терминалот.
Друг лет од меѓународниот аеродром Далс, покрај Вашингтон, бил пренасочен кон меѓународниот аеродром Халифакс во канадската провинција Нова Шкотка, исто така поради безбедноста закана.
И двата авиона слетале без проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ФБИ го прислушувале адвокатот на Трамп
-
Директорот на ФБИ „стои зад вработените“ по објавувањето на доверливиот меморандум
-
Нуклеарните централи на САД под опасност од хакерски напад
-
Претседателот на „Џудишал воч“ тврди: Директорот на ФБИ несоодветно ја штитеше Клинтон и од последиците на криминално однесување