| четврток, 6 декември 2018 |

Возот за Битола повторно ќе вози од петок

Поради непроодност на пругата поради одрон на карпи, возовите 541/540, привремено не сообраќаат, а возовите 641/642 и 645/640 кои по возниот ред сообраќаат на релација Скопје-Битола-Скопје, до оспособување на пругата, привремено сообраќаат на релација Скопје-Чашка-Скопје.

Битола три недели беше отсечена од железничкиот сообраќај поради ризична карпа и одрон на патот.

Иако одронот е исчистен, поради ризик карпата повторно да создава проблеми, возот се уште не сообраќа кон Битола, но ќе биде пуштен најдоцна до петок, потврдуваат за „Република“ од Македонски железници.

– Беше ризично да се пушти возот, се додека не беа завршени испитувањата на местото и на карпата која направи одрон. Беше ризично и да се пуштат работници, но сега ги имаме резултатите и деновиве ќе биде извршено минирање, по што возот најдоцна до петок повторно ќе сообраќа на сите релации – велат од МЖ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top