| четврток, 6 декември 2018 |

Трилерот во Дортмунд за Борусија, Галатасарај храбро испадна од Реал

Борусија Дортмунд и Малага одиграа вистински трилер меч, што на крајот ги растажи гостите од Андалузија, а донесе ерупција од традост на преполната „Сигнал Идуна“ парк. Марко Ројс и Фелипе Сантана во луд финиш, со погодоци во судиското продолжение донесоа пласман во полуфиналето за Борусија. Мечот заврши со победа на германскиот тим од 3-2, доволно за пробив во квартетот најдобри во Лигата на шампионите. Идентично беше и во Истанбул, каде Галатасарај го победи Реал и чесно се прости од понатамошните борби во европската елита. Во првите натпревари Малага и Борусија одиграа 1-1, а Реал дома го совлада турскиот тим со 3-0.

„Милионерите“ од Дортмунд само го потврдија германскиот менталитет, дека нема предавање докрај, а таа формула и овојпат донесе успех. До 90. минута тие беа на прагот на елиминација и им требаа два гола за спас. И кога секој би се предал, Германците пак покажаа дека се вистинска машинерија. Ројс во 91. минута погоди, а две минути подоцна Сантана донесе целосен пресврт и подвиг за Борусија. Претходно Малага на двапати водеше со головите на Хоакин во 25. минута, и на Елисеу во 82. минута. Левандовски израмни на 1-1 во првиот дел, а потоа стаса неверојатниот финиш на домаќините со два гола во судиското продолжение.

Borussia Dortmund vs Malaga CF
Храбро одигра и Галатасарај против Реал Мадрид, направи позитива од 2 гола за надеж во историски подвиг, но Реал се разбуди и не дозволи сензација. Уште на почетокот „кралевите“ од Мадрид со голот на Кристијано Роналдо поведоа и додадоа уште еден гол залиха на 3-0 од првиот меч. И кога се чинеше дека се е готово, Ебуе со еврогол израмни, а во кус период и Снајдер и Дрогба дадоа уште по едн гол за предност на турскиот тим од 3-1. До крајот имаше уште 20 минути за историја, но Реал се одбрани и во последните секунди даде уште еден погодок преку Роналдо за пат во полуфиналето.

Galatasaray vs Real Madrid

Утре, Барселона игра дома  во реваншот против Пари сен Жермен (2-2 во првиот дуел), а Јувентус ќе „брка“ негатива од 2 гола (0-2) против Баерн во Торино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top