| четврток, 6 декември 2018 |

Игор Анѓелков, автор на „Филм.мкд“: Отсе­ко­гаш зна­ев де­ка она што го ра­бо­там еден ден ќе осам­не во кни­га

 Де­нес во Ма­ке­до­ни­ја се сни­ма­ат мно­гу по­ве­ќе фил­мо­ви од по­ра­но, но гран­ка­та ко­ја по­тфр­лу­ва е из­да­ва­ње филм­ска ли­те­ра­ту­ра ко­ја ќе се на­до­вр­зе на таа тен­ден­ци­ја, ве­ли Ан­ѓел­ков во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“

На 16 но­ем­ври, во рам­ки на Фе­сти­ва­лот на европ­ски филм „Си­не­дејс“ ќе би­де про­мо­ви­ра­но из­да­ни­е­то на „Или-или“ „Филм.мкд“ на Игор Ан­ѓел­ков, но­ви­нар и филм­ски кри­ти­чар. Ан­ѓел­ков е автор на два ро­ма­на и на збир­ка рас­ка­зи, а но­во­то де­ло е „по­све­та на ма­ке­дон­ски­от филм“, ка­ко што ве­ли са­ми­от автор. Ан­ѓел­ков на­пра­вил прег­лед на ма­ке­дон­ски­от филм во но­ви­от ми­ле­ни­ум низ ин­терв­јуа со ре­жи­се­ри во пер­и­од од 2003 до 2014 го­ди­на кои беа еми­ту­ва­ни во филм­ски­от ма­га­зин „Фил­мо­по­лис“, чиј автор бе­ше тој. За жал, ма­га­зи­нот ве­ќе не се еми­ту­ва, но, за­тоа пред нас го има­ме де­ло­то кое е вред­но за по­чит.

По ус­пеш­ни 11 се­зо­ни на „Фил­мо­по­лис“ во ете­рот, автор­ска­та еми­си­ја на Игор Ан­ѓел­ков е уки­на­та. Иде­ја­та за „Филм.мкд“ се на­мет­на пред таа да би­де пов­ле­че­на или Ан­ѓел­ков са­ка­ше да ви­ди што сѐ сра­бо­тил за 11 го­ди­ни ка­ко филм­ски прос­ле­ду­вач?

АН­ЃЕЛ­КОВ: Јас отсе­ко­гаш зна­ев де­ка она што го ра­бо­там (и про­дол­жу­вам да го ра­бо­там во дру­ги ме­ди­у­ми), а тоа е сле­де­ње на слу­чу­ва­ња­та во Сед­ма­та умет­ност ка­ко во до­маш­на­та, та­ка и во свет­ска­та ки­не­ма­то­гра­фи­ја, еден ден ќе осам­не во кни­га. Мо­же­би и пот­свес­но мо­и­те еми­сии не фи­гу­ри­ра­ат ни­ка­де на мре­жа­та баш по­ра­ди тоа што зна­ев де­ка не­ко­гаш (а тоа е се­га!) ин­терв­ју­а­та и ре­цен­зи­и­те што сум ги пра­вел ќе би­дат (и мо­раа да би­дат) сме­сте­ни во кни­га, ко­ја оста­ну­ва за век и ве­ков. „Филм.мкд“ на­и­де на од­лич­ни ре­ак­ции од ти­пот „фа­ла бо­гу не­кој ко­неч­но да на­пра­ви по­све­та на ма­ке­дон­ски­от филм”, па сѐ до ре­ак­ци­и­те на акту­ел­ни­те сту­ден­ти на фа­кул­те­ти­те за филм кај нас, но и на оние што сту­ди­ра­ат по бе­ли­от свет, кои на оваа кни­га искре­но ѝ се изра­ду­ваа би­деј­ќи прет­ста­ву­ва суб­ли­мат на слу­чу­ва­ња­та во ма­ке­дон­ски­от филм во но­ви­от ми­ле­ни­ум. Ед­но­став­но, де­нес во Ма­ке­до­ни­ја се сни­ма­ат мно­гу по­ве­ќе фил­мо­ви од по­ра­но, но гран­ка­та ко­ја по­тфр­лу­ва е из­да­ва­ње филм­ска ли­те­ра­ту­ра ко­ја ќе се на­до­вр­зе на таа тен­ден­ци­ја. Се на­де­вам де­ка мо­ја­та кни­га е не­ка­ков по­че­ток ра­бо­ти­те да се дви­жат во таа на­со­ка, во соз­да­ва­ње на по­ве­ќе фил­мо­ло­шки де­ла за не­шта­та што се слу­чу­ва­ат ов­де и се­га.

Igor Angelkov 1 (Custom)

Ма­ке­дон­ска­та ки­не­ма­то­гра­фи­ја тре­ба да рас­ка­жу­ва ма­ли автен­тич­ни при­каз­ни со уни­вер­зал­на по­ра­ка на пре­поз­нат­ли­вост

 

Ве­ли­те де­ка „Филм.мкд“ не е при­ро­ден епи­таф на „Фил­мо­по­лис“, ту­ку де­ка при­род­но се пре­ле­ва од еден во друг ме­ди­ум. Сле­ду­ва­ат ли при­стој­ни вре­ми­ња за, мо­же­би, втор жи­вот во ете­рот на „Фил­мо­по­лис“?

АН­ЃЕЛ­КОВ: Да се по­тсе­ти­ме, во сеп­тем­ври и во октом­ври 2014 го­ди­на на­кра­тко за­поч­на и 12. се­зо­на на ма­га­зи­нот со пет ин­те­рес­ни епи­зо­ди, во кои ги прос­ле­див­ме слу­чу­ва­ња­та на Ве­не­ци­ски­от филм­ски фе­сти­вал, на Фе­сти­ва­лот на филм­ска ка­ме­ра „Бра­ќа Ма­на­ки”, ка­ко и по­че­то­кот на сни­ма­ње­то на фил­мот „Три де­на во сеп­тем­ври” на Да­ри­јан Пе­јов­ски, со кој бе­ше отво­ре­но но­во­то из­да­ние на „Си­не­дејс“, и при­каз­на­та за­ста­на. За при­чи­ни­те не пра­шу­вај­те ме, ова е Ма­ке­до­ни­ја и тие во­о­би­ча­е­но се крај­но ба­нал­ни, иа­ко се­ко­гаш се уди­ра­ме в гра­ди и са­ка­ме да се при­ка­же­ме ка­ко ре­во­лу­ци­о­не­ри во она што го пра­ви­ме, без при­тоа и ми­ни­мал­но да се при­др­жу­ва­ме до но­ви­нар­ски­те стан­дар­ди, кои ни се про­фе­си­ја. Но, при­стој­ни­те вре­ми­ња, ка­ко што ги на­ре­ку­ва­те, сѐ уште не троп­на­ле на вра­та­та, и мо­же­би за­тоа „Фил­мо­по­лис” за­се­га е на стенд бај коп­че­то, на­де­вај­ќи се на по­до­бри вре­ми­ња во до­маш­ни­те ме­ди­у­ми, ко­га не­ма да има кал­ку­лант­ски од­нос кон ква­ли­тет­ни­от про­из­вод, ко­га не­ма да има на­ра­ча­ни ра­бо­ти и раз­ни дру­ги ано­ма­лии, иа­ко, све­до­ци сме, ра­бо­та­та бав­но се дви­жи на­на­пред.

По тол­ку ин­терв­јуа со филм­ски ра­бот­ни­ци, што мис­лиш, во ко­ја на­со­ка тре­ба да се дви­жи ма­ке­дон­ски­от филм спо­ред кри­те­ри­у­ми­те што тре­ба да ги за­до­во­ли за сни­ма­ње на еден акту­е­лен, европ­ски филм кој тре­ба да по­ми­не до­бро на фе­сти­ва­ли­те низ Евро­па?

АН­ЃЕЛ­КОВ: Отсе­ко­гаш сум ве­лел де­ка ма­ке­дон­ска­та ки­не­ма­то­гра­фи­ја, ка­ко при­ро­ден дел од европ­ска­та, но со мно­гу по­ма­ла вид­ли­вост во неј­зи­ни рам­ки, тре­ба да рас­ка­жу­ва ма­ли автен­тич­ни при­каз­ни со уни­вер­зал­на по­ра­ка на пре­поз­нат­ли­вост. Тоа е ста­вот и на мно­гу од до­маш­ни­те фил­ма­џии, што мо­же да се про­чи­та и во нив­ни­те из­ја­ви во са­ма­та кни­га. За жал, не­ма из­гра­де­но по­треб­на стра­те­ги­ја во од­нос на тоа кон ка­де тре­ба да се дви­жи до­маш­ни­от филм, но, ко­га ре­ал­но ќе ги сог­ле­да­ме не­шта­та, ние и во­оп­што не­ма­ме из­гра­де­но не­ка­ква кул­тур­на стра­те­ги­ја на ни­во на др­жа­ва, при што све­до­чи­ме на си­ту­а­ци­ја во ко­ја се под­др­жу­ва мно­гу шунд, а се иг­но­ри­ра­ат мо­дер­ни­те, но и трај­ни­те вред­но­сти.

Те­шко бе­ше да се на­пра­ви из­бо­рот на ин­терв­ју­а­та што ги сме­сти во кни­га­та? И зо­што се ре­ши ова да би­де прег­лед на ма­ке­дон­ски­от филм во но­ви­от ми­ле­ни­ум?

АН­ЃЕЛ­КОВ: Од обем­ни­от ма­те­ри­јал што го соз­да­вав со го­ди­ни на­на­зад не са­мо во ма­га­зи­нот, ту­ку и низ мо­и­те ан­гаж­ма­ни на ра­ди­о­бра­но­ви­те и во пе­ча­те­ни­те ме­ди­у­ми, при­род­но се на­мет­на по­тре­ба­та кни­га­та да се освр­не на со­вре­ме­ни­от ма­ке­дон­ски филм, ма­те­ри­ја ко­ја ја поз­на­вам и за ко­ја сме­там де­ка од­лич­но ја истре­ти­рав во ме­ди­у­ми­те во кои се изра­зу­вав. Имам и еден куп ин­терв­јуа со авто­ри на до­ку­мен­тар­ни фил­мо­ви, на кра­тки ос­тва­ру­ва­ња, раз­го­во­ри со зна­чај­ни стран­ски го­сти на до­маш­ни­те фе­сти­ва­ли, но сме­тав де­ка ед­на кни­га тре­ба те­мат­ски да се фо­ку­си­ра, а не да се расп­лив­ну­ва. По­ра­ди тоа, тре­ти­ра­ње­то на ма­ке­дон­ски­от дол­го­ме­тра­жен филм бе­ше пр­во­то и единс­тве­но ре­ше­ние, што не зна­чи де­ка оста­на­ти­от ма­те­ри­јал не­ма да се по­ја­ви во не­кое след­но из­да­ние од сли­чен тип.

Igor Angelkov 3 (Custom)

Јас би са­кал да го имав ен­ту­зи­јаз­мот од вре­ме­то ко­га на до­маш­ни­те фе­сти­ва­ли гле­дав по три-че­ти­ри фил­ма днев­но, и тоа еден по друг

 

Про­мо­ци­ја­та на кни­га­та е за­ка­жа­на за вре­ме на одр­жу­ва­ње на „Си­не­дејс 2015“. Кој филм Ан­ѓел­ков не­ма да го про­пу­шти на Фе­сти­ва­лот на европ­ски филм?

АН­ЃЕЛ­КОВ: „Си­не­дејс” во пос­лед­ни­те го­ди­ни ко­неч­но по­рас­на во еден се­ри­о­зен фе­сти­вал со акту­ел­ни ос­тва­ру­ва­ња на кој мо­жат да му по­за­ви­дат мно­гу­ми­на во ре­ги­о­нов, па и по­ши­ро­ко. Ток­му за­тоа сме­тав де­ка фил­мо­ло­шка кни­га ка­ко мо­ја­та мо­ра да се про­мо­ви­ра во рам­ки­те на еден ва­ков фе­сти­вал кој тре­ти­ра фил­мо­ви ка­кви што обра­бо­ту­вав и во са­ми­от ма­га­зин, и кои се во мо­јот фил­мо­фил­ски фо­кус. Во од­нос на пра­ша­ње­то, те­шко е од­на­пред да се ка­же ка­ков из­бор ќе пад­не при се­лек­ци­ја­та на фил­мо­ви­те кои тре­ба (и мо­ра) да се ви­дат. Јас би са­кал да го имав ен­ту­зи­јаз­мот од вре­ме­то ко­га на до­маш­ни­те фе­сти­ва­ли гле­дав по три-че­ти­ри фил­ма днев­но, и тоа еден по друг. Но, за ме­не го­ди­наш­ни­от „Си­не­дејс” ќе би­де за­па­ме­тен пред сѐ по­ра­ди про­мо­ци­ја­та на мо­ја­та кни­га, и за­тоа ги по­ка­ну­вам си­те ва­ши чи­та­те­ли и ви­стин­ски­те љу­би­те­ли на фил­мот, в по­не­дел­ник, на 16 но­ем­ври во 19 ча­сот, во га­ле­ри­ја­та на МКЦ во рам­ки­те на „Си­не­дејс“, да по­ве­лат на про­мо­ци­ја­та на „Филм.мкд“, на ко­ја за из­да­ни­е­то ќе збо­ру­ва­ат про­мо­то­рот Ро­берт На­сков и ре­цен­зен­тка­та Ми­ми Ѓор­го­ска Или­ев­ска. Ќе има уште не­кол­ку из­не­на­ду­ва­ња кои за­се­га не­ма да ги откри­вам

И за крај, кои се тво­и­те „топ оф д попс ма­ке­дон­ски фил­мо­ви?

АН­ЃЕЛ­КОВ: Ми се до­пад­наа два­та пос­лед­ни ма­ке­дон­ски фил­ма, кои сво­ја­та пре­ми­е­ра ја до­жи­ве­а­ја на фе­сти­ва­лот „Бра­ќа Ма­на­ки” во сеп­тем­ври – „Ла­зар“ на Све­то­зар Ри­стов­ски и „Ме­де­на ноќ“ на Иво Трај­ков, ка­ко ку­ри­о­зи­тет кој ни­ко­гаш прет­ход­но не се слу­чил, два фил­ма од те­ков­на­та го­ди­на да би­дат на­ви­сти­на до­бро сра­бо­те­ни. Од по­но­ви­те ос­тва­ру­ва­ња ап­со­лу­тен фа­во­рит ми е „Пан­кот не е мр­тов“ на Вла­ди­мир Бла­жев­ски, но го са­кам и не­го­ви­от пр­ве­нец „Хај-фај“ од 1987 го­ди­на. Од ми­на­то­то, ту­ка се дво­е­цот на Сто­ле По­пов „Среќ­на но­ва 49“ и „Те­то­ви­ра­ње“, ка­ко и „Пред дож­дот“ и „Пра­ши­на“ на Ман­чев­ски, а од мал­ку по­да­леч­но­то ми­на­то, ан­то­ло­ги­ски­те „Цр­но се­ме“ на Це­нев­ски и „Ме­мен­то“ на Ос­ман­ли.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Ѓорги Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top