Шведската козметичка компанија Авон најави укинување на повеќе од 400 работни места, како и напуштање или реструктурирање на лошите претпријатија во Африка, на Блискиот Исток и во Европа.
Најавеното укинување на работните места, кое одговара на околу 1% од 39.100 вработени во Авон, ќе се спроведе во сите региони и сегменти, пренесува агенцијата АП.
Ваквиот потег е дел од стратегијата на извршната директорка Шери Мекој, со цел да се постигне раст на приходите и заштеда од 400 милиони долари до 2016 година.
Одлуката за укинувањето на работните места доаѓа по намалувањето на бројот на вработените за 1.500 во декември, кога компанијата соопшти дека го напушта Виетнам и Јужна Кореја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.