| четврток, 6 декември 2018 |

Што никогаш не треба да ставате на лице

Алкохол

Со алкохолот често се дезинфицираат рани, но никогаш не ставајте го на мозолчиња или на ранички на лицето.

Шеќер

Прекумерната консумација на шеќер доведува до слабеење на еластичноста на кожата и како резултат на тоа се добива опуштена кожа и брчки. Експертите велат дека и шеќерот кој директно се става на кожата може да го стори истото.

Лосион за тело

Кожата на лицето е почувствителна од кожата на телото, па затоа е препорачливо да се користат понежни производи. Исто така, лосионите за тело често содржат парфем и светки што можат да му наштетат на лицето.

Сода бикарбона

Сода бикарбоната често се спомнува во рецептите за домашен пилинг или маска за лице, но, ајде дразмислете – ако може да ги избели забите, дали навистина е безбедна за вашата кожа?

Лак за коса

Лакот содржи алкохол кој ја суши кожата, па никако не се препорачува за лице. Исто така е полн со хемикалии кои ги затвораат порите и поради кои се појавуваат мозолчиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top