| четврток, 6 декември 2018 |

Бекам краде од кремот на Викторија

Поранешната членка на рупата „Спајс грлс“ Викторија Бекам се докажа како модна дизајнерка, а од неодамна таа има и своја линија на козметика која е дизајнирана од престижната куќа „Есте лаудер“.

Викторија Бекам (42) тврди дека производите се толку добри што ги користи и нејзиниот сопруг, поранешниот фудбалер Дејвид Бекам (41).

– Тоа воопшто не ми пречи, особено затоа што гледам дека ги сака моите омилени кремови. Изгледа подобро и помладо, едноставно блеска – коментира Викторија.

Таа додаде дека Дејвид е најзаслужен за нејзиниот успех затоа што го чува нивното четврто дете додека таа патува поради работата. Поранешниот фудбалер обожува да го поминува времето со неговата најмлада ќерка Харпер (5), а нивните заеднички моменти често ги споделува на социјалните мрежи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top