Иако за повеќето работи не сме свесни, со текот на времето, во просторот во кој што живееме или работиме се натрупуваат работи кои не ни се потребни, но сеедно ги оставаме во случај, „некогаш” да не ни затребаат.
Чистењето на нередот ќе го олесни животот во просторот каде го поминуваме најголемиот дел од нашето време. Трупањето на работите не само што го нарушува изгледот на просторијата, туку и му штети на вашето здравјето.
Еве некои од работите кои треба да ги имате во предвид:
СТАРА КОЗМЕТИКА
Исто како храната, и козметиката си има свој рок на траење, а некои од спроведените анкети покажале дека само една од четири жени обрнуваат внимание на рокот на траење кој го има шминката.
Маскарите и моливчињата со изминат рок можат да го зголемат ризикот од инфекции, а слично е и со старите кармини.
Ако на кремите им истекол рокот и го промениле мирисот или бојата, никако не е препорачливо да се ставаат на лице, бидејќи можат да предизвикаат алергиски реакции.
СУНЃЕРИ И ЧЕТКИ ЗА ТУШИРАЊЕ
Експертите сметаат дека овие помагала е најдобро целосно да се исфрлат од употреба, бидејќи, како што велат, тие се легло за бактерии.
Резултатите од студијата кои се објавени во Journal of Clinical Microbiology, покажуваат дека сунѓерите можат да развијат и да ја пренесат бактеријата Pseudomonas aeruginosa, која предизвикува болести и кај луѓето и кај животните подеднакво.
Бактериите најмногу се размножуваат на влажни места, а бањата е идеално место за нив. Ако сунѓерот после туширање не се измие и исуши, бактериите ќе се развијат.
Ако сунѓерот се користи правилно и се чисти после секое туширање, препорака е максимално да се користи три месеци. Нешто слично како четката за заби.
ЛЕКОВИ
Рокот на траење кај лековите главно е околу една година, а потоа може да станат многу опасни за организмот или да им се намали дејството.
За повеќето лекови, ако се правилно чувани, делотворноста и сигурноста останува непроменета и неколку денови по истекот на рокот.
Честопати токму во нашите домашни аптеки се наоѓаат лекови кои се отворани и кои најчесто се неправилно чувани. најчесто се чуваат во плакари во бањата каде температурата и влажноста на просторот е многу поголема од онаа на која треба да се чуваат лековите.
Таквите лекови не се препорачува да се користат откако ќе им помине рокот на траење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.