В петок, (13 ноември, 2015 година) во 19 часот, во Музеј на град Скопје ќе биде отворена изложба на цртежи од Родољуб Анастасов.
Изложбата е составена од два дела – цртежи што за тема ги имаат мотивите од НОБ и цртежите од серијата дела на Анастасов именувана како „Енформелска лабораторија“. Тоа се две серии цртежи што потекнуваат од различни фази на уметникот. Цртежите од „Енформелска лабораторија“ се создавани во периодот од крајот на педесеттите до средината на шеесеттите години од 20 век, а малата серија цртежи со мотиви од НОБ е работена во 1966 и во 1976 година.
Сакавме несигурноста на човековата телесност и сите стравови предизвикани од неа (цртежите од „Енформелска лабораторија“) да ја контрапонктираме со метафората за херојската борба (цртежите со тема од НОБ) на тие што во тоа скудно и опасно време се осмелиле да се борат со силите на темнината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.