| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува штрајкот на „Луфханза“, откажани се 933 летови

луфт

Германската авиокомпанија „Луфханза“ денеска откажа 933 летови од своите три аеродроми во Германија, бидејќи напорите за да се стави крај на штрајкот завршија без успех.

Поради откажаните летови денеска ќе бидат погодени 107.000 патници кои требале да полетаат или слетаат во Франкфурт, Минхен или Дизелдорф. Ова е најголема бројка на погодени патници од штрајкот, откако тој започна во петокот.

„Луфханза“ вкупно откажа околу 3.700 летови, со што се погодени 443.000 патници.

Синдикатот на кабинскиот персонал бара отпремнина за 19.000 свои членови, доколку тие прифатат предвремено пензионирање. Од друга страна раковотството на „Луфханза“ се обидува да ги намали трошоците и не прифаќа да ги исполни барањата на синдикатот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top