Синдикатот на пилотите во „Луфтханза“ објави 24-часовен штрајк на вработените во авиокомпанијата. Поради штрајкот нарушени ќе бидат сите летови на долги и кратки релации од Германија а откажани се 876 летови. Компанијата вчера објави вонреден план на летање а патниците чиј лет е спречен поради штрајкот можат да нова направат бесплатна резервација за друг лет или да го сторнираат летот бесплатно. Синдикатот во компанијата веќе неколку години води преговори со менаџментот на „Луфтханза“ за зголемување на платите за 3,66 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.