| четврток, 6 декември 2018 |

Итно хоспитализиран раперот Кание Вест

kanie-vest

Раперот Кание Вест итно беше хоспитализиран, неколку часа откако ги откажа сите преостанати датуми од неговата турнеја.

Турнејата „Сент Пабло“ требаше да трае до 31 декември, но вчера Кание објави дека ги откажува сите преостанати 21 концерти.

Неколку часа подоцна се појави информација дека раперот итно бил пренесен во болница, каде што му биле направени психијатриски тестови за ментална исцрпеност.

Од август до денес Кание Вест одржа 40 концерти во Канада и САД, а пред неколку дена најави и дека ќе се кандидира за претседател во 2020 година. Освен тоа, во моментов тој работи и на модната колекција не само за сопствената линија, туку и за „Адидас“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top