| четврток, 6 декември 2018 |

Целосен колапс во Германија, утре уште полошо

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ откажала 830 летови на куси и подолги релации, со што биле опфатени 100.000 патници. Причина за откажувањата е штрајкот на пилотите, кој трае веќе трет ден поради спор со раководството околу платите.

Синдикатот Кокпит најавува дека секој следен ден штрајкот ќе го продолжува за еден час. Ова е 14. штрајк на „Луфтханза“ од април 2014 година.

germany-lufthansaКaко причина за штрајкот се наведува дека платата не била покачена пет години и дека поради инфлацијата вработените имаат големи последици и намалување на куповната моќ, додека компанијата остварува профит. Затоа бараат ретроактивно покачување на платата во просек од 3,6 проценти годишно, што е многу повеќе од 2,5 проценти колку што нуди управата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top