| четврток, 6 декември 2018 |

Даниел Крег и Рејчел Вајс заедно на бродвејската сцена во Пинтеровата „Прељуба“

Брачната двојка во вистинскиот живот, Даниел Крег и Рејчел Вајс, ќе ја толкува прељубничката двојка во бродвејската продукција на драмата на Харолд Пинтер „Прељуба“.

Во текстот на славниот Харолд Пинтер од 1978 година станува збор за љубовен триаголник кој го сочинуваа брачната двојка Ема (ќе ја толкува Рајчел Вајс) и Роберт (Даниел Крег), како и неговиот пријател и нејзин љубовни Џери (Раф Спол).

За Вајс тоа ќе биде прва улога на Бродвеј, додека Крег последен пат на оваа њујоршка сцена настапи во 2009 година во претставата „A Steady Rain“, во која играше со Хју Џекмен.

Режијата на Пинтеровата „Прељуба“ му е доверена на Мајк Николс, а премиерата е најавена за 3 ноември годинава во театарот Баримор.

Крег, кој неодамна потпиша договор за снимање уште најмалку два филма од франшизата за имагинарниот таен британски агент Џејмс Бодн, и Вајс, која глуми во актуелниот хит „Царството на големиот Оз“, заедно настапија во хоророт „Куќа од соништата“ (Dream House).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top