Компанијата Сони (Sony) се обидува повторно да го убеди актерот Даниел Крег повторно да го глуми британскиот агент Џемс Бонд, па му нуди 150 милиони долари за улогата.
Sony му понуди 150 милиони долари на Крег за двата нови филмови покрај гласините дека треба да го замени друг актер.
Продуцентката Барбара Броколи порано изјави дека не сака наскоро да ја загуби „главната улога“.
-Можеби не сакам да прифатам некои работи, но навистина не сакам да размислувам за нов Бонд, Додека тој дефинитивно не каже поинаку, не размислувам- рече Броколи зборувајќи за Крег.
Новиот филм за Бонд сигурно нема да се појави во следните две години, такашто Крег има време да го смени мислењето по филмот „Спектре“ (Spectre) кога рече дека попрво би си ги пресекол вените отколку повторно да го глуми Бонд. Но, големи пари се во прашање, такашто се може да се случи.
Кандидати за нов Бонд се Том Хјуџис, Том Хидлстон и Идрис Елба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.