Со оглед дека е позната по тоа што носи костуми но и по добрата забава која им ја приредува на нејзините гости, можеби наскоро Елен ДеЏенерис ќе стане првиот женски агент 007.
Така барем мисли моменталниот Џемс Бонд, Даниел Крег кој на познатата водителка и актерки и додели комплимент на секогаш беспрекорниот стил и при тоа и го подарил часовникот кој го носел во последното продолжение на филмот, вреден 7500 долари.
-Ти го донесов ова бидејќи ако навистина мислиш да се соживееше со улогата ќе ти треба еден ваков часовник- се пошегувал Крег и додал:„Сега имаш часовник, веќе носиш костуми и улогата е твоја што се однесува до мене“.
Актерот наводно добил 39 милиони долари за улогата на тајниот агент во последното продолжение „Спектра“, но се уште не познато дали ќе го гледаме и во следното.
-Ми одзема многу време и далеку сум од семејството. Само сакам на крајот на денот да бидам со нив. Така што за следниот проект воопшто и не размислувам – кажа првиот русокос Бонд.
Даниел од претходниот брак ја има 23 годишната ќерка Ела, а неговата сегашната сопруга, актерката Рејчел Вајс, го има синот Хенри од врската со режисерот Дарен Ароносфски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура