| четврток, 6 декември 2018 |

Сестрата од Клинички за нападот: Кога моја мајка е убиена, ќе ги убиеме сите

Мајка ми почина и за тоа ќе ве убијам сите. Вака еден од напаѓачите во Клиниката за дигестивна хирургија се заканувал по болничките годници, раскажува сестрата која е и единствената која успеала да разговара со нив.

Се започнало после утринската визита на доктор Огненовиќ. Заминал во канцеларијата на неговиот колега и не ни претпоставувал дека тројца напаѓачи со пиштол во рака панично го бараат за да стрелаат.

Ми рече – Да ми го најдеш каде е? Реков, кого барате? Што е работата, зошто сте толку вознемирен? Што, вели, јас има да ве убијам сите! Велам, почекај малку, како тоа ќе не убиеш сите, што сакаш? Најдете ми го доктор Огненовиќ, ми рече. Му велам немојте така, што е ова, соземете се. Море ќе ве убиеме, сите ќе ги убиеме, кога моја мајка е убиена, ќе ги убиеме сите! И вас ќе ве убијам! – сведочи сестрата.

Прекорувањата не ги премислиле. Моментот кога докторот излегувал од канцеларијата бил пресуден. Се слушнале три истрели.

Одеднаш слушнав пукање. Обично човек бега кога ќе слушне пукање, но јас, не се правам херој, едноставно некоја сила ме врати да одам назад. И кога стигнав некаде до собата на професот Караџов, тој излезе ме праша што е, леле, велам изгледа го убија Огненовиќ, го убија Огненовиќ. Еден истрел го слушнав, така покрај увото, си реков јас загинав, што е ова? Професорот ми вика седи тука, чекај да видиме, велам да одиме, човекот е убиен или кој знае што му е, да видиме – раскажува таа.

На врата ја пречекале напаѓачите. Тие ја спровеле до повредениот доктор.

Ме проведе тој, еден од нив, самиот до собата на докторот, тој момент не можам да го заборавам, мислев ќе налетам на крвишта, а тој во глава пукнат, слики некои во глава што ти се јавуваат кога си во шок. Кога влегов тој беше свиткан во работната маса, му реков Љубо, синко, дај кревај глава, зборувај, јас уплашена, не можам многу да ти помогнам, зборувај – низ плач раскажува сестрата, додавајќи дека докторот и кажал дека е добро и дека е свесен, не е повреден во стомакот, туку во ногата која ја кренал за да се заштити.

После ова интервенира обезбедувањето, а тројцата напаѓачи се фатени. Судот веќе поведе постапка против нив, а реконструкцијата на пукотниците од дигестивна најверојатно ќе биде еден од доказите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top