На 12 ноември во Галертијата МКЦ ќе биде поставена инсталацијата на Атанас Атанасоски насловена „Ветрогон“.
Инсталацијата – објектите се направени од растение – трн, во народот познат како Ветрогон, интересно е тоа што напитокот од трнот се користи како лек за простата а познат е и како „природна вијагра“.
Атанасоски е роден на 30. јануари 1961 година во Прилеп. Дипломирал 1987 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Посдипломски престој на ФЛУ во Будимпешта 1992-95 година. Докторирал на: Институтот за национална историја во Скопје во 2010 година на тема: „Историско-уметничките аспекти на орнаменталните мотиви во ѕидното сликарство на спомениците во Пелагониската епархија од XII до XVII век”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.