Наместо превод од изјавата на директорот на косовските железници, првиот човек на „МЖ Инфраструктура“ им даде совет на македонските новинари да си ангажираат преведувачи од албански ако сакаат да дознаат што се зборува на официјалната прес-конференција по повод потпишувањето на меморандум за соработка меѓу двете државни претпријатија.
– Вие можете да си ангажирте преведувачи. Можете и вие како редакции… Јас немам преведувач да ви преведам. Ако сакате, после може да седнеме и на некој начин да ви раскажам на македонски, беше одговорот на директорот на „МЖ Инфраструктура“, Ирфан Асани, на барањето на новинарите да се преведе изјавата на гостинот од Косово.
Иако новинарите бараа официјален преведувач да ја преведе изјавата на гостинот од Косово, со оглед на тоа што станува збор за меѓудржавен настан, Асани се правдаше дека неговата изјава била на македонски јазик во согласност со законот, а на новинарите им „објасни“ дека превод треба да бараат од редакциите што ги испратиле на настанот. Револтирани од односот на претседателот на „МЖ Инфраструктура“, новинарите ја напуштиле прес конференцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


