Специјалното јавно обвинителство преку Бирото за јавни набавки бара преведувач од македонски на англиски и обратно за кого предвидува плата од 1.200.000 денари годишно, односно, 100.000 денари месечно. Според тендерската документација, преведувачот ќе биде должен за еден ден да преведе 10 страници, односно 1.800 јазични знаци.
Договорот што ќе го склучи СЈО ќе биде на една година. Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување гаранција за квалитетно извршување на договорот во висина од 10 отсто од вредноста на договорот. Во техничката спецификација нема дополнителни критериуми што физичкото или правното лице треба да ги исполни.
Тендерот е отворен до крајот на февруари кога СЈО ќе избира најповолна понуда. Критериумот за потпишување на договрот е најниска цена, која ќе биде прифатлива за обвинителството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.