| четврток, 6 декември 2018 |

Најскапиот преведувач во Македонија ќе работи во СЈО

Никако да прекине лудилото на големи плати што се нудат во државната и јавната администрација. Специјалното јавно обвинителство преку Бирото за јавни набавки бара преведувач од македонски на англиски и обратно кој ќе биде вработен за месечна плата од верувале или не од 100 илјади денари или речиси 2 илјади евра. Овој договор ќе биде склучен во траење од една година и вкупните трошоци за оваа преведувачка авантура на СЈО ќе ги чинат македонските граѓани фантстични 1,2 милиони денари или речиси 20 илјади евра.

Колку за споредба наставниците во образовните инстуции земааат по 25 илјади денари месечно, доцентите на факултетите заработуваат нешто над 35 илјади денари, а професорите околу 50 илјади денари додека идниот работник на СЈО ќе заработува 100 илјади денари.

Од она што е поставено на страната на Бирото за јавни набавки СЈО бара идниот преведувач да може да преведе 10 страници односно 1800 јазични знаци и толку. Во спецификациите ништо друго не е наведено,никаков критериум или услов што треба да го поседува идниот преведувач. Од него се бара само обезбедување на гаранција за квалитетно извршување на задачите.

Огласот на СЈО е објавен на 07.02.2018 година а трае до 26.02.2018 година.

Инаку ова не е прв ваков оглас на СЈО што ја бранува јавноста. Ова институција покажа дека таму царува непотизмот односно се вработуваат роднини, пријатели, поранешни новинари и функционери на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top