„Х и M“ со задоволство ви ги претставува првите фотографии од божикната кампања, со учество на пејачката Кејти Пери. На овие фотографии Кејти е облечена со облека од празничната колекција на марката, а реклама ќе се емитува во кината, на телевизија и на интернет.
Светската премиера на комплетната верзија на рекламата ќе биде на 23 ноември на hm.com/life. Во рекламата за божикната колекција на „Х и M“ за 2015 година, Кејти игра улога на самовила.
Саундтрак на рекламата е новата песна „Every Day Is A Holiday“, напишана од Кејти за новогодишна реклама.
– Расположението за време на снимањето на оваа магична кампања, ми беше вистински празнично, носејќи ги сите овие забавни облеки, а најмногу мојот омилен џемпер „Елфи селфи“.
– „Х и M“ беше дел од еволуцијата на мојот личен стил од 13-годишна возраст, кога почнав да купувам од нивните модели. Немам трпение да ви ја претставам оваа прекрасна празнична колекција – вели Кејти Пери.
Во рекламата и во придружните промотивни материјали, Кејти е облечена со облека од божикната колекција на „Х и M“, комбинации од празничен сјај, стил и забава. Ќе видиме силни црвени фустани, смокинг јакни со ефектни детали и маица со црвени панделки.
Специјалните детали се насекаде, од црното мини-здолниште до идеалниот божикен џемпер. Божикната колекција на „Х и M“ ќе биде достапна во продавниците на „Х и M“ во целиот свет од средината на ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.