Легендата Франц Бекенбауер лично го потпишал документот, кој докажува дека Германија си купила гласови за кандидатурата за домаќин на СП 2006, тврди „Bild“. Потписот стои на договор од 2 јули 2000 година, што е само четири дена пред неговата земја да биде избрана. Германците се обвинети дека користеле 6,7 милиони евра за да си ги обезбедат потребните гласови.
Се тргна од откритието на списанието „Spiegel“, според кое поранешниот извршен директор на „Адидас“, Робер Луј-Дрејфус тајно ја наполнил црната каса со овие 6,7 милиони евра. Инволвирани во планот биле шефот на Комисијата за апликација, Франц Бекенбауер, а од 2005 година и досегашниот претседател на Германската фудбалска асоцијација (DFB) Волфганг Нирсбах, кој вчера поднел оставка, како и други високи функционери.
Луј-Дрејфус парите тајно ги доставил на Германскиот фудбалски сојуз како заем од приватно лице, пред да се донесе одлуката за домаќин на 6 јули 2000 година.
Подоцна износот не се појавува во буџетот на комисијата, ниту во буџетот на организацискиот комитет. Година и половина пред светското првенство тој го побарал износот назад. Затоа Организацискиот комитет, во кој влегувале Бекенбауер како претседател и Нирсбах како заменик, во 2005 година барале начин за незабележана отплата.
Од доверливи документи се гледа дека со помош на ФИФА е се направено. Соодветно 6,7 милиони евра ќе стигнат на сметка на ФИФА во Женева, како германскиот придонес за планираната, а подоцна откажана гала вечер на Олимпискиот стадион во Берлин. Од таму ФИФА веднаш ги префрлила парите на сметка на Луј-Дрејфус во Цирих.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



