| четврток, 6 декември 2018 |

Гдиња ги повикува Македонците: Ќе бидеме фини домаќини за учесниците на ЕП

gdinja evropsko prvenstvo

Убава промоција, денеска, на Отворената конференција за Европското првенство во Полска имаа сите 6 градови домаќини, а меѓу нив е и Гдиња. Град во кој Македонија ќе игра два од трите натпревари во Б групата на турнирот за играчи до 21 година.

Историскиот прв меч на големите натпреварувања ќе го играме против Шпанија на 17. јуни, а ќе ја паметиме Гдиња како град во кој Македонија за првпат, во било која конкренција одиграла меч на Европско првенство. И третиот натпревар од групата Б за нас ќе биде значаен, а Гдиња ќе ни биде домаќин и на 23. јуни кога ќе се судриме со актуелните вицешампиони на Европа, Португалците.

– Гдиња е подготвена за Европското првенство. Се надеваме дак Македонците, Србите, Португалците и Шпанците ќе се чувствуваат како дома. Им посакувам пријатен престој во Гдиња, а ќе сториме се за да имаат пријатни спомени од Гдиња и од Полска – изјави претставникот на град Гдиња.

Вториот меч во групата против Србија ќе го играме во Бидгошч, на 20. јуни. Македонската експедиција ќе биде сместена во Хотелот „Мера Спа” во Сопот, место кое е оддалечено само 11 километри од Гдиња. Тоа ќе биде базата на нашите спортски херои, фудбалска генерација која за првпат ја одведе Македонија на големо натпреварување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top