Поранешниот напаѓач на Челси, Дидие Дрогба, би можел по третпат да го облече синиот дрес на тимот од Лондон.
Тој доби очајнички повик за враќање од поранешните соиграчи со цел да се спаси остатокот од сезоната по очајниот почеток во Премиерлигата.
На тимот на Жозе Мурињо му недостасува минатогодишниот победнички менталитет и имаат проблем со мотивацијата, нешто што го красело Дрогба во текот на неговата богата сезона. Идејата доби интензитет последните два дена откако тимот на Дрогба, Монтреал Импакт, доживеа елиминација во четвртфиналето од плеј-офот во МЛС, па искусниот напаѓач сега е слободен.
– Дидие е воин целата неговата кариера. Нема никаков проблем да се вклопи во мултинационална средина како што е составот нашиот состав. Течно зборува три-четири јазици и може да се разбере со секој на теренот. Додека играше во Челси, беше омилен меѓу фудбалерите токму поради тоа што уживаше да победува и секогаш стапуваше на сцена кога е најпотребно – изјавил за Сан неименуван фудбалер од соблекувалната на Челси.
Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска го носеше дресот на Челси во периодот од 2004 до 2012 година, а потоа настапи уште една сезона пред да премине во редовите на Монтреал. Сепак, по првото враќање постигна само четири гола и забележа 30 настапи. Оттука, јасно е дека тој не може да помогне со ефикасноста, туку со подигнување на моралот кај фудбалерите кои се соочуваат со голема психолошка криза во моментов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.