Синоќа во 18,30 часот на ул.„Коце Металец“ во Скопје Т.М.(52) додека чекал да изврши наплата на такси услуга, две непознати лица извршиле разбојништво при што му одзеле сума на пари од околу 8000 денари.
Едно од лицата на ул.„Народен Фронт“ се качило во такси возилото и побарало да се превезе до населбата Автокоманда, а потоа до населбата Радишани. Откако стигнале на наведената улица дошло другото непознато лице и со закана со нож му ги одзеле парите по што го напуштиле местото на настанот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.