Во вторник, (10 ноември), со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Дамата со камелии“, на музика од Џузепе Верди. „Дамата со камелии“ е балетска продукција која наиде на одличен одзив кај публиката и беше оценета со позитивна критика, својата премиера ја имаше на 31.10.2014 г. Музиката е од прославениот Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. Кореографијата е на на гостинот од Русија, Василиј Медведев, прекрасните костими и убавата сценографија се дело на Павол Јураш, гостин од Словачка. Во главните улоги ќе настапат: Првенците Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили.
Настапуваат, солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.