Решавање на политичката криза преку очигледно кршење на уставот и правниот поредок на државата. Според ГРОМ на Стевче Јакимовски , за ваква разрешница Македонија платила превисока цена, со што ова повеќе не е правна туку политичка држава.СДСМ влегува во власта без избори и поддршка од граѓаните, објави „Сител“.
-Се покажа дека целиотр циркуз не беше за демократија и за наводна заштита на интересите на граѓаните како што се удираа во гради, туку напротив изневерен е граѓанскиот сектор. Никаде ги нема таканаречените експерти, во министерстките фотељи ќе седнат исклучиво партиските кадри на СДСМ…
И граѓаните на иста линија. Не ги одобруваат решенијата на лидерот на СДСМ. Сметаат дека изборот на Заев требало да бидат експерти а не негови најблиски соработници.
Порталот „Курир“ денеска пишува дека постетата на Гостивар на техничкиот министер за внатрешни е лицемерна. Спасовски на шестмесечниот помен од загинувањето на двајцата припадници на безбедносните сили во кумановско диво насеље не се одважил да ги посети нивните семејства, туку како што пишува порталот одлучил да се прошета по локалните продавници што претсатвува врвно лицемерие и потценување на жртвите.
Од ПОДЕМ го поздравуваат договорот на 4-те партии но не и манипулацијата на СДСМ со поставување на високи партиски челници во власта.
Реагираа и од Демократската партија на Србите во МАкедонија. Сметаат дека е затворена една кризна фаза од политичкиот живот .
ДПС проценува дека постигнувањето на политичкиот договор е пораз на пропадниците на елитата на колонијалниот менталитет во Македонија, предводена од СДСм, која преку политичка и економска дестабилизација на државата , поточно без избори се обидува да дојде на власт, стои во соопштението на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.