| четврток, 6 декември 2018 |

Стари и компромитирани кадри – првите адути на Заев не се никаква новина

Партиските лидери ги договорија деталите околу спроведувањето на договорот од Пржино.

naumov-remenski-spasovski-740x320

Според договореното, нов министер за внатрешни работи ќе биде Оливер Спасовски, сегашниот генерален секретар на СДСМ. Спасовски е поранешен секретар на општина Куманово и инволвиран во сите матни тендери во општината, обвинуваа многу пати досега од владејачката партија.

Со години истиот Оливер Спасовски се појавуваше позади Зоран Дамјановски Циц и учествуваше во упропастувањето на Куманово, каде СДСМ зад себе да не остави ниту еден единствен проект. Како генерален секретар на СДСМ, Спасовски воедно е еден од креаторите на сценариото за создавање на алиби за изборен пораз и непризнавање на резултатите од изборите.

Договорено е актуелната потпретседателка на партијата Фросина Ременски да биде нов министер за труд и социјална политика, со што се потврдува тезата дека Заев сака да обезбеди позиции и фунции за неговото најтесно опкружување.

Потпретседателот Александар Кирацовски ќе биде заменик-министер за информатичко општество и администрација. Кирацовски е човекот кој од потпреседател на СДММ, стана потпретседател на СДСМ. На јавноста и остана запомнат како учесник во крвава тепачка, а денес СДСМ го промовира во проверен и компетентен кадар.

Кирацовски бил осуден на условна казна за учество во тепачка во 2001 година во која едно лице се здобило со тешки телесни повреди од убоди со нож, објави Нетпрес пред извесно време. Тогаш во јавноста се отвори моралната дилема, дали лице кое што учествувало во насилство со тешки телесни последици, било правосилно осудено за тоа, може да извршува ваква висока партиска и политичка функција

Кире Наумов ќе биде заменик-министер за финансии, стар, потрошен и компромитиран кадар. Наумов е дел од сите кадровски шеми на сите претседатели на СДСМ. Сега повторно тој е дел од кадровската понуда на Зоран Заев.

Шефот на кабинет на Заев, Љупчо Николовски ќе биде заменик-министер за земјоделие. Со ваквиот кадровски состав Заев продолжува со неразбирање и игнорирање на пораката на граѓаните дека не му ги прифаќаат овие луѓе и овој начин на работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top