На сцената во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, Драмското студио „Миладин“ премиерно ќе ја изведе детската претстава „Црвенкапа“..
Главната улога, Црвенкапа ја толкува Сара Стефановиќ, волкот ќе го игра Петар Шипинкароски, а бабата ќе биде Мартина Кочоска.
Струшката публика пред неполн месец имаше можност премиерно да ја види претставата „Чешел“ од Фадил Хаџиќ во изведба на членовите на драмското студио „Миладин“.
Драмското студио „Миладин“ од Струга има 30-тина членови, а за наредната година планира пет премиерни изведби од кои три претстави за деца и две за возрасни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.